(мкд) СОВЕТУВАЊЕ на тема „ЕУ регулатива за надлежност, признавање и извршување на судските одлуки во брачните спорови поврзани со родителска одговорност – Брисел 2“

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема ЕУ регулатива за надлежност, признавање и извршување на судските одлуки во брачните спорови поврзани со родителска одговорност – Брисел 2, кое ќе се одржи на 6 декември 2019 година (петок), во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, ламела 3, со почеток во 10:00 часот.

Советувањето е наменето за судии од граѓански оддели и стручни соработници од сите апелациони подрачја, претставници на Центарот за социјални работи и адвокати.

 На советувањето излагања ќе имаат доц. д-р Мирјана Ристовска, од Правниот факултет во Кичево, г. Среќко Митовски, судија на Основен суд Прилеп и г-ѓа Зора Треневска, судија во пензија од Апелациониот суд Скопје.

На советувањето ќе бидат опфатени следните теми:

  • Регулатива на Советот (ЕЗ) бр. 2201/2003 од 27 ноември 2003 година за надлежност, признавање и извршување на судските одлуки во брачните спорови и во работите поврзани со родителската одговорност и за укинување на Регулативата (ЕЗ) бр. 1347/2000 (Регулатива Брисел IIa)
  • Домашно законодавство за надлежност и извршување во семејните спорови со меѓународен елемент
  • Признавање странски судски одлуки

            ПРОГРАМАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете Tука.

            МАТЕРИЈАЛИТЕ кои ќе се користат на советувањето можете да ги преземете тука.

 

Презентација 1                        Презентација 2               Презентација 3                   Презентација 4                        Презентација 5

Презентација6                        Презентација7                 Презентација8                     Презентација9