СОВЕТУВАЊЕ МЕНАЏИРАЊЕ СО СУДОВИТЕ 29 јуни 2020, хотел „Мериот“, Скопје (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев во соработка и со финансиска поддршка на ИПА Проектот „Поддршка на реформите во правосудниот систем „ организира советување на тема Менаџирање во судовите , кое  ќе се одржи на 29 јуни (понеделник) 2020 година во хотел „Мериот“- Скопје, почитувајќи ги сите препораки и мерки на Владата на Република Северна Македонија за заштита, спречување и ширење на вирусот КОВИД 19.

 

Советувањето е наменето за членови на Судскиот совет, претседатели на судовите во Република Северна Македонија, претставници на Министерство за правда на Република Северна Македонија, како и претставници на други релевантни државни институции.

Со воведно обраќање до приустните советувањето  ќе го отворат: проф. д-р Наташа Габер-Дамјановска, директор на Академија за судии и јавни обвинители; г. Рајнер Девил, лидер на тимот, ИПА проект ,,Поддршка на реформите во правосудниот сектор’’; г.Киро Здравев, претседател на Судски совет на Република Северна Македонија и г. Џемаил Саити, претседател на Здружение на судии на Република Северна Македонија и судија на Врховен суд на Република Северна Македонија.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете Tука.