Реализиранa обука за криминал од омраза за јавните обвинители во рамките на PACHT Програмата

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје на 5 и 6 декември 2019 година ја реализираше обуката за криминал од омраза наменета за јавните обвинители која ја спроведоа обучувачите кои во мај годинава ја поминаа обуката за обучувачи и се стекнаa со сертификати.

Имено, PAHCT-(Prosecutors and Hate Crimes Training) е програма наменета за јавните обвинители која е дизајнирана да го подобри постапувањето на обвинителите кон криминалот од омраза.

Реализацијата на оваа обука е дел од активносите содржани со потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу Академијата за судии и јавни обвинители, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Со поздравно обраќање до присутните настанот го отвори г. Алесио Цукарини, шеф на Одделот за човекова димензија, Мисија на ОБСЕ во Скопје

Свои излагања на темата имаа: г. Воислав Стојановски, национален офицер за владеење на правото, Мисија на ОБСЕ во Скопје и јавните обвинители: г. Александар Марковски од Основно јавно обвинителство Скопје, Ристо Бојаџиски од Основно јавно обвинителство Штип и г-ѓа Спасенка Андоновска, од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

На обуката беа разменети искуствата на заедницата за националната и меѓународната правна рамка, користењето на националното законодавство за гонење на криминал од омраза, пречките при гонењето на криминал од омраза, а беа презентирани и студии на случај.

Покрај размена на искуства оваа обука понуди  и решенија како тие да се надмината пречките со кои се соочуваат обвинителите во практиката кога се соочуваат со криминалот од омраза.