Реализирана тридневна обука за ресторативна правда и медијација за слушателите на почетна обука во Академијата за судии и јавни обвинители (Demo)

Во рамки на Проектот „Медијација без дилема“ кој го спроведува Институтот за европска политика во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители, Комората на медијатори на Северна Македонија и Холандската федерација на медијатори, во период од 18 мај до 20 мај се реализираше три дневната обука за ресторативна правда и медијација наменета за слушателите на почетна обука во Академијата за судии и јавни обвинители.

Имено, главната цел на проектот е да придонесе кон зголемување на стапката на користење на медијацијата како алтернативен начин на решавање на споровите, преку обезбедување на истражување базирано на докази за користењето на медијацијата како алтернативен начин за решавање на спорови во Република Северна Македонија, зајакнување на капацитетите на медијаторите, судиите, обвинителите и Комората на медијатори и овозможување и промовирање на суштински дијалог и соработка помеѓу засегнатите страни од областа на медијацијата.

На три дневната обука учесниците се запознаа со процесот на ресторативна правда и медијација, придобивките и предизвиците од овој процес, холандското исксутво со медијацијата и ресторативната правда за деца, како и регулирањето на медијацијата во македонскиот Закон за кривична постапка и Законот за правда на децата

Вовед во ресторативната правда за децата, меѓународните и европските хумани инструменти, праксата на Холандија во решавањето на вакви случаи ја презентираше д-р Анемиеке Волтуис,, потпреседател на Европскиот форм за ресторативна правда.

За регулирањето на медијацијата во Законот за кривична постапка и Законот за правда на децата во Северна Македонија свои излагања имаа: проф. д-р Гордана Лажетиќ, редовен професор на правен факултет „Јустинијан први“ Скопје и проф. д-р Лазар Нанев, претседател на Основен суд Кавадарци и професор на правниот факултет „Гоце Делчев“ во Штип.

По завршувањето на обуката слушателите добија сертификат за учество.