Работен состанок на директорот на Академијата, проф.д-р Габер Дамјановска со шефот на Одделот за Југоисточна Европа, ИРЗ, д-р Пирнер (Demo)

Директорот на Академијата за судии и јавни обвинители, проф.д-р Наташа Габер Дамјановска денес во просториите на Академијата одржа работен состанок со Шефот на Оделот за Југоисточна Европа, Германска фондација за меѓународна правна соработка-ИРЗ,  д-р Штефан Пирнер и претставниците на Канцеларијата на ИРЗ во Скопје.

Академијата и Германската фондација за меѓународна правна соработка- ИРЗ веќе долги години имаат воспставена успешна соработка во чии рамки се реализирани бројни настани кои придонесоа за унапредувањето на работата на Академијата и правосудството во нашата земја.

На работниот состанок беа дискутирани активностите со кои се заокружи соработката во 2019 година, а воедно беа разгледувани предлозите и можностите за реализација на идни заеднички активности со кои ќе продолжи оваа соработка и во тековната 2020 година.

Германската фондација останува и понатаму лојален поддржувач на работата на Академијата, а Академијата од своја страна останува верна на својата мисија да го помогне процесот за унапредување на правосудниот систем на земјата.