Работен состанок на директорот на Академијата, проф.д-р Габер Дамјановска со директорот на Управата за финансиска полиција, г. Муареми (Demo)

Денес (28 јануари 2021 година) во просториите на Академијата, директорот на Академијата проф. д-р Наташа Габер Дамјановска одржа работен состанок со директорот на Управата за финасии, г. Арафат Муареми, кој на состанокот беше придружуван од заменик директорот на Управата, г. Бесир Деари и советникот на директорот, г. Кирил Темелков.

Целта на состанокот беше да се разгледаат можностите за заеднички активности кои ќе бидат насочени кон спроведување на ефикасна борба против перењето пари и финансирање на тероризам.

Станува збор за исклучително актулени прашања во глобални рамки, па оттука, диркторите на двете институции се согласија дека само со интензивна меѓуинституцинална соработката ќе се постигнат подобри резултати во спречувањето на овие видови на криминал.

Дел од активностите кои ќе бидат реализирани со поддршка од двете институции се однесуваат на спроведување на обуки со кои ќе бидат опфатени судиите и јавните обвинители, вработените во Управата за финансиска полиција, но секако, согласно потребите ќе бидат вклучени и претставници на други релевантни институции кои делуваат во ова поле.

На состанокот беа разгледани и можностите за поголема промоција на работата на двете институции се со цел да се подигне свеста на пошироката јавност за овие две појави, како и да се предочат правните механизми кои се достапни во насока на нивна превенција.