ПОВИК ЗА АПЛИКАЦИИ ЗА ОБУКИ ОРГАНИЗИРАНИ ОД СТРАНА НА ЕВРОПСКАТА МРЕЖА ЗА ОБУКИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО

Европската мрежа за обуки во правосдуството (EJTN) е главната платформа и промотор за обука и размена на знаења за европското судство. EJTN ги претставува интересите на над 120.000 европски судии, обвинители и судски тренери ширум Европа.

Формирана во 2000 година, областите на интерес на ЕЈТН вклучуваат ЕУ, граѓанско, кривично и трговско право и обука за лингвистиката и општествените прашања. Визијата на EJTN е да помогне да се поттикне заедничка правна и судска европска култура.

EJTN развива стандарди за обука и наставни програми, ги координира разменувањата и програмите за обука на судството, дистрибуира експертиза за обука и промовира соработка помеѓу институциите за обука на судството на ЕУ.

Ни претставува особена чест и задоволство да Ве известиме дека за тековната година, Академијата ја обновува соработката со EJTN, со што се отвора и можноста да се номинираат учесници и од правосудството во Република Македонија.

Подолу во овој текст се наоѓа листа на обуки организирани од страна на Европската мрежа за обуки во правосдуството (EJTN). Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев ги поканува сите оние кои ги исполнуваат условите да се пријават на една или повеќе обуки, по што ќе следи селекција и од страна на EJTN.

Условите за учество може да ги проверите на линкот со кликање на кодот на настанот (на пример AD/2019/01, CI/2019/06 и така натаму).

Би сакале да Ве известиме дека секој од учесниците самостојно ги организира патот и сместувањето, ги покрива трошоците за истите, а EJTN трошоците ги надоместува во рок од 2 месеци после настанот, по уредно доставување на потребните документи до ЕЈТN.

Исто така, подолу може да ги преземете документите со често поставувани прашања и условите и правилата за учество на овие настани.

За пријава на обуките може да се обратите на: М-р Сања Пандилов, Раководител на Сектор за правни работи и управување со човечки ресурси, е-маил адреса:

Sanja.Pandilov@jpacademy.gov.mk

За повеќе информации може да се обратите на телефонски број: +38975203897.

Често поставувани прашања:

http://www.ejtn.eu/Documents/Exchange%20programme%20documents/FAQ_section%20-%20updated%20December%202018.pdf

Услови и правила за учество: http://www.ejtn.eu/Exchange-Programme/Calls-for-participation/

Deadline Activity Title
JANUARY
6 January 2020 CP/2020/05 Protection of vulnerable investigated and accused persons
6 January 2020 CI/2020/02 Brussels I Regulation – Jurisdiction and the Recognition and Enforcement of Judgements in civil matters (introductory level)
6 January 2020 HFR/2020/01 Rule of Law Training for Judges: Independent Judges as a Cornerstone of the Rule of Law
6 January 2020 CP/2020/06 Children in the context of domestic violence – how to safeguard their right to protection
6 January 2020 CP/2020/34 Artificial intelligence and jurisdiction in practice: office organization and decision-making function
6 January 2020 CP/2020/40 Judicial Ethics
8 January 2020 TM/2020/01 On the job training
10 January 2020 CR/2020/01 Judicial Cooperation in Criminal Matters: Practical Case-Based Simulation in Cybercrime
10 January 2020 CR/2020/02 The European Investigation Order in Practice (Advanced)
13 January 2020 AD/2020/01 EU Antitrust Law
16 January 2020 HFR/2020/02 Conflicts of Norms / Multi level of Protection in the Application of Fundamental Rights
20 January 2020 LI/2020/01 Legal language training in cooperation in civil matters
20 January 2020 CP/2020/07 Asylum and Immigration Law Seminar
20 January 2020 CP/2020/08 Digital Contracting and its Evidence
20 January 2020 LI/2020/02 Legal language training in cooperation in criminal matters
30 January 2020 CR/2020/03 Procedural Safeguards in criminal proceedings in the EU in Practice
31 January 2020 AD/2020/02

EU Public Procurements

 

 ПДФ Верзија на Календарот за 2020 година во целост можете да ја преземете на следниот линк: http://www.ejtn.eu/Catalogue/EJTNs-searchable-database/

Промени во Кателогот:  

  • CP/2020/ 01 , ‘Justice-Communication and Trust’ – removed from table, as the activity is postponed ; dates of activity as well as deadline for application will be confirmed soon ;
  • TM/2020/ 02, ‘Change Management’ – removed from table, as per new dates of activity : 9-10 March 2020,  and new deadline of application : 3 February 2020 ;
  • CP/ 2020/ 40, ‘Judicial Ethics’ – added to table, deadline for application : 6 January 2020.