Потпишан меморандум за соработка помеѓу Академијата за судии и јавни обвинители и Судско-медиумскиот совет при Здружението на судии на Република Северна Македонија (Demo)

Денес (26 јануари 2021 година) во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители беше потпишан меморандум за соработка помеѓу Академијата за судии и јавни обвинители и судско-медиумскиот совет при Здружението на судиите на Република Северна Македонија.

Меморандумот беше потпишан од страна на директорот на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, д-р Џемали Саити,судија на Врховен суд на Република Северна Македонија и претседател на ЗСРСМ и г. Иван Џолев, претседател на Кривичен суд Скопје и претседател на Судско-медиумскиот совет при ЗСРСМ.

 

 

Како што истакнаа првите луѓе на институциите потписнички целта на потпишувањето на овој меморандум е да се зајакне меѓуинституционалната соработка, на начин што ќе ги насочат своите напори кон поттикнување и афирмација на областите од заеднички интерес, како што е областа на судската транспарентност и континуирана обука на судии и јавни обвинители, учество на членови од судско-медумскиот совет како предвачи на обуките како и учество на правни експерти од Академијата во подготовка на Стратегија за зајакнување на судската транспарентност, предвидена со проектот „Зајакнување на улогата и функционалноста на судско-медиумскиот совет“финансиран од Владата на САД, како и подготовка и промоција на други документи од областа на транспарентноста и односите со медиумите.

Меморандумот предвидува низа активности како што се: промовирање на заедничките активности; организирање настани од интерес за двете институции;  организирање обуки и семинари за потребите на Судско-медиумскиот совет;  проширување на мрежата на соработка со други институции и организации; стручна помош и анализа за конкретни деловни проекти и потфати и т.н.