ОНЛАЈН СОВЕТУВАЊЕ на тема „Спорови за надомест на штета со странски елемент“

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2022 година организира online советување на тема „Спорови за надомест на штета со странски елемент“. Советувањето е наменето за судии од граѓански оддели и стручни соработници од сите апелациони подрачја. Советувањето ќе се одржи на 20 април (среда) 2022 година, преку платформата ZOOM.

Предавачи на советувањето ќе бидат м-р Катерина Георгиевска, судија на Апелационен суд Скопје г-ѓа Љубица Колиќ, судија на Основен граѓански суд Скопје.

За повеќе информации ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на тел. 02/2401-578 или на е-маил адреса Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk

                Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

                Материјалите за советувањето, можете да ги превземете тука.