Онлајн советување на тема „Побивање на должникови правни дејствија“

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со  Меѓународната финансиска корпорација, групација на Светска банка, во рамки на проектот ,,Проект за решавање на долговите и деловен излез’’, согласно Каталогот на обуки за 2022 година организира online советување на тема Побивање на должникови правни дејствија“, кое е предвидено да се одржи на 25  мај  (среда) 2022 година, преку ЗООМ Платформата. Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од граѓански оддели од сите апелациони подрачја.

 Предавачи на советувањето ќе бидат,  м-р Александар Шопов, судија на Основен  суд Велес  и  г-а Наталија Донева, судија на Основен  граѓански суд Скопје.

 За дополнителни информации во врска со советувањето Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е-маил адреса Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-578.

 

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работните материјали кои ќе се користат на советувањето дополнително ќе бидат ставени на линк.