Онлајн советување на тема „Одвоено намирување според Законот за стечај” (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2022 година организира онлајн советување на тема „Одвоено намирување според Законот за стечај, кое ќе се одржи на 5 април (вторник) 2022 година, преку платформата ZOOM.

Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од граѓански и трговски оддели од сите апелациони подрачја и стечајни управници од Комората на стечајни управници.

Предавачи на советувањето ќе бидат м-р. Александар Шопов, судија на Основен суд Велес и г. Ацо Петров, стечаен управник, Претседател на Комора на стечајни управници на РСМ

За повеќе информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академија задолжено за организација на советувањето на следната е-маил адреса mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-569.

Агендата согласно која ќе одвива советувањето можете да ја преземете на следниот линк:

Агенда-5.04.2022 годин. Преземи