ОНЛАЈН СОВЕТУВАЊЕ на тема: „ Меѓународно правен аспект на борба против корупцијата“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка и со финансиска поддршка на Германската фондација за меѓународна правна соработка (IRZ) организираaт онлајн советување на тема: „ Меѓународно правен аспект на борба против корупцијаташто ќе се одржи на 22 април 20201 година (четврток).

 

Советувањето е наменето за судии кои работат на кривична материја и јавни обвинители од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат д-р Тодор Витларов, јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство Штип и г. Маркус Буш, Раководител на оддел II A 4 „Кривично-правно сузбивање на стопански, компјутерски, корупциски и еколошки криминал”, Сојузно министерство за правда и за заштита на потрошувачите и шеф на германската делегација при ГРЕКО (Група на држави против корупцијата).

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука

 

За да пристапите на платформата и да го следите советувањето кликнете на следниот линк: https://us02web.zoom.us/j/81622574074

Meeting ID : 816 2257 4074