ОНЛАЈН СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Кривична одговорност за лекарска грешка “

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев организира онлајн советување на тема: „ Кривична одговорност за лекарска грешка “, кое ќе се одржи на 4 мај 2021 година (вторник) на веб платформата на Академијата-насловена како ЛМС/Е-учење, со почеток од 11:00 часот.

 

Советувањето е наменето за судии од кривични оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат м-р Габриела Гајдова, судија на Основен суд Велес и д-р Златко Јаќоски, продекан на медицински факултет, специјалист по судска медицина, Медицински факултет-Институт за судска медицина.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работните материјали согласно кои ќе се одвива советувањето можете да ги преземете тука.

 

За повеќе информации поврзани со советувањето, Ве молиме да се обратите на телефонскиот број 02/2401-568.