ОНЛАЈН СОВЕТУВАЊЕ на тема „Директно, вкрстено и дополнително испитување, приговори и овластувањата на судот во доказната постапка“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2021 година организира онлајн советување на тема „Директно, вкрстено и дополнително испитување, приговори и овластувањата на судот во доказната постапка. Советувањето е наменето за судии, јавни обвинители и стручни соработници од сите апелациони подрачја. Предвидено е да се одржи на 13 април (вторник) 2021 година, преку веб платформата на Академијата.

 Предавачи на советувањето ќе бидат г-н Ѓорѓи Андонов, претседател на Основен суд Штип и г-н Миле Костадинов, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Кочани.

 

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работните материјали согласно кои ќе се одвива советувањето можете да ги преземете тука.

За повеќе информации поврзани со советувањето Ве молиме обратете се на следната е-маил адреса: mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-569.