ОНЛАЈН СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Архивирање на предмети (изготвување на план, листи и лачење)“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира онлајн советување на тема: Архивирање на предмети (изготвување на план, листи и лачење), кое ќе се одржи на 18 април 2022 година (понеделник) на ЗООМ платформата, со почеток од 11:00 часот.

Советувањето е наменето за судски и јавнообвинителски службеници кои работат на архивирање на предмети.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Катерина Васиќ, инспектор за архивски материјал и г-а Маре Бојчовска, стручен соработник за стручен надзор и стручна помош кај имателите од Државниот архив на Република Северна Македонија.

 

За повеќе информации ве контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е-маил адресата: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk.

 

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете на следниот линк:

Агенда-18 април 2022-преземи

Работните материјали кои ќе се користат на советувањето можете да ги преземете на следниот линк:

Презентација-Катерина Васиќ-преземи

Презентација-Маре Бојчовска-преземи