Одржано советување за стратешко планирање (Demo)

Денес (1 јули 2020 година) Академијата за судии и јавни обвинители  во соработка и финансика поддршка ИПА Проектот„Поддршка на реформите за правосудниот сектор“ одржаа виртуелно советување за стратешко планирање.

На советувањето присуствува членови на Судскиот буџетски совет и членови на работната група на Судскиот буџетски совет.

На советувањето се обрати директорот на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, која рече дека стратешкото планирање на е системски начин на донесување на стратешки одлуки, утврдување на цели и стратегии и спроведување на активности кои ќе ги насочуваат судовите кон остварување на посакуваната цел. Тоа е процес кој бара континуирано следење на остварениот напредок во однос на поставеноста и реализацијата на активностите.

Поздравно обраќање до присутните имаа и претседателот на Судскиот совет, судијата Киро Здравев, кој напомена дека страштешкото планирање е многу важно за да се унапреди целокупното работење на судоството и да се зголеми нивната ефикасност.

Судијата Рајнер Девил, тим лидер на Проекот ИПА„Поддршка на реформите во правосдуниот сектор“ се заблагодари на сите присутни и за заложбата на Академијата сите проектни активности да се реализираат и покрај состојбата во која се наоѓа светот денес.

Во рамки на советувањето од страна на г-а Силвија Јаневска, државен советник за судски буџет беше презентиран нацртот на Предлог- правилникот за изготвување на судски буџет, а воедно беа дадени и примери од планови за стратешко планирање. За општите начела на стратешкото планирање говорше г-а Тања Васиќ Бозаџиева, државен советник,Министерството за правда, додека за видовите анализи: како што се SWOT и PEST за буџетски корисници, идентификација на иницијативи и нивно планирање, човечки и финансиски ресурси, говореше судијата Рајнер Девил, лидер на тимот ,ИПА проект ,,Поддршка на реформите во правосудниот сектор’’ .