Одржано советување за правата на жртвите во кривичната постапка во праксата на ЕСЧП (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Амбасадата на САД во Скопје, релизираше советување на тема: „Правата на жртвите во кривичната постапка во праксата на ЕСЧП“ кое се одржи на 04 декември 2019 година (среда), во просториите на Академијата.

На советувањето присуствуваа судии од кривични оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја.

Со воведно обраќање до присутните ги поздрави директорот на Академијата за судии и јавни обвинители, проф д-р Наташа Габер Дамјановска, која се заблагодари за организацијата на настанот со кој се покрива една значајна тема, а тоа е жртвата во кривичен настан, која во денешно време се повеќе се актуелизира од аспект на нејзините права во рамките на кривичната постапка. кои треба да тежнеат кон целосно почитување на Европската конвенција за човекови права, усогласени со праксата на Европскиот суд за човекови права.

 

На присутните им се обрати и г-а Челси Шинор, резидентен правен советник на Програмата ОПДАТ при Амбасадата на САД во Скопје, кој изрази благодаранот и поддршка за реализација на понатамошни активности со кои ќе бидат третирани актуелни теми од областа на правото.

Свои презентации поврзани со темата имаа:  г-а Славица Чубриќ, правен советник од Амбасадата на САД во Скопје, Дарко Павловски, Национален правен советник, Мисија на ОБСЕ во Скопје и д-р Мирјана Лазарова Трајковска, поранешен судија на Европскиот суд за човекови права.

За учесниците на советувањето организацијата на овој настан претставува позитивен инпут за поефикасно справување со дилемите со кои се соочуваат во своето секојдневно работење.