Одржана обука за правила на постапката на Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија (Demo)

Денес (26 јуни 2020 година), во хотел „Мериот“- Скопје, Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев во соработка и со финансиска поддршка на ИПА Проектот „Поддршка на реформите во правосудниот систем„ ја реализираа обуката посветена на правилата на постапката во Советот на јавни обвинители, во согласност со сите препораки на Владата на Република Северна Македонија за заштита и превенција од ширење на КОВИД 19.

Обуката беше наменета за членовите на Советот за јавни обвинители  на Република Северна Македонија, раководните лица, како и претставници од Министерството за правда на Република Северна Македонија и други релевантни државни институции.

Обуката имаше можност да се следи и преку ЗООМ онлајн платформата сé со цел доследно да се испочитуваат мерките за функционирање во време на пандемија.

Со воведно обраќање присутните ги поздравија претседателот на Советот на јавните обвинители, г. Ацо Колевски и тим лидерот на ИПА Проектот, г. Рајнер Девил.

 

На обуката беше разгледан нацрт-деловникот за работата на Советот на јавните обвинители и присутните имаа можност да дискутираат, а воедно и да ги изнесат своите мислења по однос на овој нацрт-текст.

На обуката присустуваше и обвинителот Флорин Унгуреану, експерт во рамки на Проектот, кој го најави изготвувањето на правилниците за дисциплинска постапка и оценувањето на јавните обвинители.

Обуката овозможи поголема размена на искуства помеѓу учесниците со што беа понудени низа позитивни решенија за надминување на дилемите со кои се соочуваат јавните обвинители и членовите на Советот на јавното обвинителство во својата секојдневна работа.