Обука на тема ,,Спроведување на еколошка правда’’ (Demo)

            Академијата за судии и јавни обвинители во соработка и со финансиска поддршка на Центарот за правни истражувања и анализи со поддршка на Британската амбасада во Скопје, во рамки на проектот ,, Проект за добро управување со животна средина„  организира обука на тема: ,, Спроведување на еколошка правда’’, која ќе се одржи на 4 февруари 2021 година (петок), во хотел Солун, со почеток од 09:45 часот.

            Обуката е наменета за судии од сите апелациони подрачја.

            Со поздравно обраќање настанот ќе го отвори проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители и г. Никола Јовановски, Центар за правни истражувања и анализи.

            Програмата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука