ОБУКА НА ОБУЧУВАЧИ Од теорија до пракса: Унапредување на судската пракса преку методи за учење (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители во соработка со DCAF- Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор, во рамки на Програмата за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Северна Македонија (2021-2026)  во период од 04 до 06 мај 2022 година во хотел „Аурора“, Битола, ќе организира обука на обучувачи на тема: Од теорија до пракса: Унапредување на судската пракса преку методи за учење.

Настанот е наменет за тимот на обучувачи кои од почетокот се вклучени во сите активности на  Програмата а воедно се и автори на Прирачникот за спроведување на мерките за следење на комуникациите. Предавања поврзани со темата ќе имаат национални и странски експерти.

За повеќе информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на настаните на следната е маил адреса: Sonja.Mojsovska@jpacademy.gov.mk

Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.