Завршна конференција: „Соработка помеѓу институциите во борбата против корупцијата: научени лекции и унапредување на соработката“ (Demo)

Проектот има намера да го зајакне владеењето на правото и транспарентноста преку соработка   помеѓу институциите, да обезбеди техничка помош и зајакнување на капацитетите и соработката помеѓу Државната комисија за спречување на корупција и Државниот завод за ревизија како надзорни тела и Академијата за судии и јавни обвинители која ги обучува идните судии и јавни обвинители, како институции одговорни за спроведување на истраги и процесирање на предмети.

Целта на конференцијата е да се истакне важноста за заеднички акции и соработка и да се вклучи и меѓународното искуство кон ова. Учеството на г-дин Драго Кос како главен предавач придонесе за значењето на меѓународната соработка во ова поле.

Повеке за настанот на следниот линк:

transparency.mk/2021/06/28/zavrshna-konferencziјa-sorabotka-pomeѓu-institucziite-vo-borbata-protiv-korupcziјata-naucheni-lekczii-i-unapreduvaњe-na-sorabotkata/