Втора каскадна обука за слобода на изразување за судии и јавни обвинители (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев во рамки на проектот: „Слобода на изразување во Северна Македонија“ (ЈУФРЕКС-2), кој што е дел од заедничката програма на Европската Унија / Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција II“, имплементиран од страна на Советот на Европа, ја организира втората каскадна обука на тема: „Интернетот и слободата на изразување“, која ќе се одржи на 17 и 18 февруари 2022  година (четврток и петок), во хотел „Тино Центар“, во Охрид.

За успешна реализација на обуката Академијата за судии и јавни обвинители ги презема сите мерки и препораки издадени од Владата на Република Северна Македонија за заштита и превенција од вирусот КОВИД  во затворени простории.

 

            Обукатa е наменета за судии и јавни обвинители од сите апелациони подрачја.

За повеќе детали околу обуката Ве молиме да ги контактирате лицата од Академија задолжени за организација на следните е-маил адреси: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk и Sonja.Mojsovska@jpacademy.gov.mk, или на тел. 02/2401-572 и 02/2401-568.

            Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете на следниот линк:

            Агенда- 17/18.02.2022 година