Виртуелен настан преку платформата Interactio за електронски докази и компјутерски криминал (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители и Програмата ОПДАТ/Амбасада на САД на 14 мај 2020 година, со почеток во 11:00 часот, организираат виртуелен настан преку платофрмата Interactio, на тема: Електронски докази и компјутерски криминал – добри практики за користење на електронски докази во кривична постапка.

На платформата можат да се најават судии од кривичните оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја, кои откако ќе се пријават во Академијата за учество ќе добијат и линк преку кој ќе можат да се логираат. На сите кои ќе се пријават од страна на Академијата ќе им се смета поминат ден-обука.

Со поздравни обраќања настанот ќе го отворат: проф.д-р Наташа Габер Дамјановска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители и г-а Челси Шинор, правен советник, Амбасада на САД во Скопје.

Презентација на Секторот за компјутерски криминал при МВР ќе имаат: г. Марјан Стоилковски, началник на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и г-а Катерина Јовановска, началник на одделение за дигитална форензика.

За искуствата на САД во однос на компјутерската форензика, електронските докази во судска постапка, крипто валута и сајбер-безбедност, излагања и презентации ќе имаат: г-а Челси Шинор, правен советник, Амбасада на САД; г. Дин Кинсман, специјален агент, помошник за правни работи, ФБИ, Амбасада на САД во Букурешт; г. Скот Керин, федерален обвинител, I-CHIP, за „Dark Web“ и крипто валути, Вашингтон и г. Дастин Оуверби, специјален агент, ФБИ-оддел за борба против тероризам, Вашингтон.