ТРКАЛЕЗНА МАСА на тема: Пристап до азил, принципот на неказнување и ограничување на слободата на движење на баратели на азил (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев во соработка со Претставништвото на УНХЦР во Скопје и Министерството за внатрешни работи- Оддел за гранични работи и миграции организира тркалезна маса на тема: Пристап до азил, принципот на неказнување и ограничување на слободата на движење на баратели на азил, која ќе се реализира во период од 17-19 февруари 2021 година во хотел Рамада, Гевгелија.

Тркалезната маса е наменета за судии и јавни обвинители кои работат на случаи по миграциската рута и управните судови кои одлучуваат по тужби против мерките на ограничување на слобода на движење на баратели на азил, како и службеници на централната и регионална гранична полиција, сектор за азил и УНХЦР.

Главна тема која ќе се разработува на овој настан е пристап до азил, принципи на неказнување и ограничување на слободата на движење на баратели на азил, каде ќе се дискутира за позитивни и негативни искуства од досегашната пракса со изрекување на мерката ограничувањето на слободата на движење на баратели на азил,судската постапка во тужба против овие мерки и друго.

Исто така, Ве известуваме дека Академијата и партнерите ја следат ситуацијата во врска со препораките и мерките за спречување на внесување и ширење на Коронавирусот- КОВИД 19 како и Протоколите во организирањето на оваа тркалезна маса од страна на хотелот. Од тие причини и бројот на учесници е ограничен.

Агендата согласно која ќе се одвива тркалезната маса можете да ја преземете тука