СОВЕТУВАЊЕ на тема „Tyжби поврзани со остварување на акционерски права предвидени со Законот за трговски друштва“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2020 година организира советување на тема Tyжби поврзани со остварување на акционерски права предвидени со Законот за трговски друштва. Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од граѓански и трговски оддели од сите апелациони подрачја кое ќе се одржи на 21  февруари  (петок) 2020 година, во просториите на Академијата.

 

Предавачи на советувањето ќе бидат г-ѓа Биљана Јачева, судија на Основен суд Велес и  г. Марко Андонов, декан на правниот факултет на Американ Колеџ, Скопје.

 

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работните материјали кои ќе се користат на советувањето можете да ги преземете тука:

Презентација1

Презентација2