СОВЕТУВАЊЕ НА ТЕМА: „Судството и медиумите“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители во соработка со Германската фондација за меѓународна соработка ИРЗ на 16 јуни 2020 година со почеток во 10:30 часот ќе одржи онлајн советување на тема: Судство и медуми.

Советувањето е наменето за претседателите на судовите.

Целта на советувањето е пренесување на основни знаења, пред сè на „soft skillsˮ, за носители на правни професии во демократски општества.

Со воведно обраќање настанот ќе го отворат:

Проф. Д-р Наташа Габер-Дамјановска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители и Д-р Штефан Пирнер, адвокат, Раководител на проектна област на IRZ за Босна и Херцеговина,Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

Свои излагања поврзани со темата ќе имаат:

Проф. д-р Јасна Бачовска-Недиќ, Правен факултет „Јустинијан Први“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје

Винфрид Шуберт, претседател на Покраинскиот уставен суд во Саксонија Анхалт, во пензија, Сојузна Република Германија

Агендата согласно која ќе се одвива онлајн советувањето моежете да ја преземете Tука