СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Судска заштита при повреда на правото на нужен наследен дел“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев организира онлајн советување кое ќе се одржи на 25 ноември 2020 година (среда) на веб платформата на Академијата-насловена како ЛМС/Е-учење, со почеток од 11:00 часот.

Советувањето е наменето за судиите од граѓанските оддели од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат судиите: Катерина Георгиевска и Амир Абдулаи од Апелационен суд Скопје.

 

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете Тука.

 

Подетални информации за следење на советувањето, пријавените учесници  ќе добијат известување на емаил адресите со кои што се регистрирани на ЛМС платформата.