СОВЕТУВАЊЕ на тема „Примена на Законот за вештачење и Законот за процена во парничната постапка“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема Примена на Законот за вештачење и Законот за процена во парничната постапка, кое ќе се одржи на 18 ноември 2019 година (понеделник), во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, ламела 1, со почеток во 10:00 часот.

 

Советувањето е наменето за судии од граѓански оддели и стручни соработници од сите апелациони подрачја, проценители, вештаци и адвокати.

На советувањето излагања ќе имаат г-ѓа Злата Попова, претседател на Основен суд Гевгелија и г. Антонио Георгиев, претседател на Комора на проценувачи на РСМ.

 

На советувањето ќе бидат опфатени следните теми:

 

  • Законот за парнична постапка в.в. со Закон за вештачење
  • Актуелни теми поврзани со проценувањето и проблеми во парничната постапка

 

ПРОГРАМАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работни материјали:

Закон за изменување и дополнување на Законот за процена

Закон за процена

Презентација