СОВЕТУВАЊЕ на тема „Постапување со одземен имот по правосилни кривични и прекршочни пресуди“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2020 година за задолжителната континуирана обука за судии и јавни обвинители, организира советување на тема „Постапување со одземен имот по правосилни кривични и прекршочни пресуди“. Советувањето е наменето за судии од кривични оддели, јавни обвинители и стручни соработници од апелационо подрачје Скопје и истото ќе се одржи на 12 февруари (среда) 2020 година, во просториите на Академијата.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Зуица Наумова, судија на Апелационен суд Скопје, во пензија и г-а Спасенка Андонова, јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Скопје.

 

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работниот материјал кој ќе се користи на советувањето можете да го преземете тука:

Презентација1

Презентација2