СОВЕТУВАЊЕ на тема „Објективно и субјективно преиначување на тужбено барање“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема Објективно и субјективно преиначување на тужбено барање, кое ќе се одржи на 13 ноември 2019 година (среда), во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, со почеток во 10:00 часот.

 

Советувањето е наменето за судии од граѓански оддели и стручни соработници од сите апелациони подрачја и адвокати.

 

На советувањето излагања ќе имаат г-ѓа Лидија Мартинова, судија на Апелационен суд Скопје и м-р Антоанета Димовска, судија на Основен граѓански суд Скопје.

 

На советувањето ќе бидат опфатени следните теми:

 

  • Услови под кои може да се изврши објективно и субјективно преиначување на тужбата. Како тоа влијае на постапката и правото на жалба на решението на судот
  • Видови одлуки и судска пракса во врска со одлуки на второстепените судови за преиначување на тужба

 

ПРОГРАМАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

РАБОТНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ  кои ќе бидат користени на советувањето можете да ги преземете тука:

Презентација1

Презентација2