СОВЕТУВАЊЕ на тема „Казнено правен аспект на правата од индустриска сопственост“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2020 година за задолжителната континуирана обука за судии и јавни обвинители, организира советување на тема „Казнено правен аспект на правата од индустриска сопственост“.  

Советувањето ќе се одржи на 3 март (вторник) 2020 година, во просториите на Академијата.

Советувањето е наменето за судии од кривични оддели, јавни обвинители и стручни соработници од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат г. Владимир Милошески, јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Скопје и г-ѓа Зуица Наумова, судија на Апелационен суд Скопје, во пензија.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работните материјали кои ќе се користат на советувањето можете да ги преземете тука.