СОВЕТУВАЊЕ на тема „Изработка на годишен план за вработување“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев организира советување на тема „Изработка на годишен план за вработување“  кое ќе се одржи на  27 ноември 2019 година (среда), во просториите на Академијата-Ламела 3, со почеток во 10:00 часот.

Советувањето се организира за судските администратори и за лицата кои што се задолжени за изработка на годишниот план за вработување.

 

Во рамките на советувањето свои излагања ќе имаат г-а Адриана Србиновска, Министерство за информатичко општество и администрација и г-а Силвија Јаневска, Судски совет на Република Северна Македонија.

 

Агендата согласно која ќе се одвива Советувањето можете да ја преземете тука.