Фаустине Курас, кандидат од Државната правосудна академија започна со реализација на тринеделното стажирање во Република Северна Македонија

DSC_02843

Кандидатот од Државната правосудна академијата од Република Франција, Фаустине Курас започна со реализација на својот тринеделен стаж во Република Северна Македонија. Реализацијата на стаж во странска држава која е задолжителна за кандидатите за судии и јавни обвинители на Република Франција, во Република Северна Македонија е овозможена преку успешната соработката која ја имаат воспоставено Академијата за судии и јавни обвинитители, Амбасадата на Република Франција во Република Северна Македонија и Државната правосудна акдемијата на Република Франција (ENM).

Првиот работен состанок кандидатката од Франција го одржа со директорката на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска. На состанокот директорката на Академијата, Габер Дамјановска ја воведе накратко во правосудниот систем на Академијата, работата и организацијата на Академијата и нејзината улога во правосудниот систем.

Во рамки на својот прв работен ден г-а Курас имаше можност да се запознае подетално со сите сегменти во кои професионално делува Академијата, да добие одговор на сите прашања поврзани со Академијата од страна на вработените на Академијата.

Академијата согласно нејзините потреби и интереси креираше работна агенда со која г-а Курас ќе има можност да оствари посети и работни средби со сите релевантни правосудни институции, министерства и државни органи со кои соработува Академијата, како и со претставници на Невладини организации.