„ Работна средба на претставници на Апелационите судови и Врховниот суд на Република Северна Македонија “ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев во соработка со Центарот за правни истражувања и анализи организира средба помеѓу четирите апелациони судови и Врховниот суд на Република Северна Македонија, со цел подетално разгледување на правните прашања од кривична и граѓанска област кои се појавиле во судската практика на апелационите судови, во однос на кои е потребно да се усогласат ставовите со цел хармонизација на судската практика на Република Северна Македонија. Средбата ќе овозможи отворање широка дискусија помеѓу сите претставници на наведените судови, овозможувајќи изведување конкретни заклучоци кои се во насока кон усогласување на судската пракса во Република Северна Македонија.

Средбата помеѓу Апелационите судови и Врховниот суд на РСМ  ќе се одржи во периодот од 7 до 9 јуни, 2022 година во хотел Рамада Плаза, во Гевгелија.

 Агендата согласно која ќе се реализира средбата можете да ја преземете тука.