Работна средба на директорот на Академијата, проф.д-р Габер Дамјановска со меѓународниот експерт од Совет на Европа, г-ѓа Марија Алкалај, национални конслутанти и претставници на проектниот тим за спроведување на Проектот „Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија“ (Demo)

Денес (24 февруари 2020 година), во просториите на Академијата, директорот на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, оствари работна средба со меѓународниот експерт, г=ѓа Марија Алкалај, националниот консултант, г-ѓа Елена Георгиевска и претставник на проеткниот тим за спроведување на втората фаза на проектот „Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија“ кој треба да започне да се реализира во јуни 2019 година.

Цели во оваа фаза на проектот се да се даде поддршка на главните актери во системот за бесплатна правна помош со цел да се постигне поголема ефикасност, квалитет, пристап и да се подигне свеста за услугите за Бесплатна правна помош (БПП) во земјата.

Проектот ќе обезбеди помош во усогласување на одредби, политики и практики, градење на капацитетите на давателите на услуги за БПП (Министерството за правда, Адвокатската комора и невладини организации), а воедно ќе помогне и во подигањето на свеста кај граѓаните за можностите кои им се нудат со бесплатната правна помош.

Една од компонентите на овој Проект е насочена кон реализирање на обуки посветени на бесплатана правна помош, а Академијата како инситутција која е задолжена за спроведување на правосудна обука ќе биде вклучена во нивната реализација.

Со цел обезбедување на поквалитетни услуги за бесплатна правна помош и успешно имплементирање на новиот Закон за бесплатна правна помош којшто беше донесен во 2019, обуките ќе опфатат теми кои ќе произлезат токму од овој Закон, а ќе бидат во согласност со потребите на правните практичари.

Директорот на Академијата, проф.д-р Габер Дамјановска, на работната средба ја изрази подготвеноста на Академијата, активно да учествува во реализацијата на обуките посветени на новините во Законот за бесплатна правна помош со што ќе даде позитивен придонес за успешна реализација на целите на овој Проект.