Промотивен онлајн настан на Проектот „Медијација без дилема“ (Demo)

Денес (15.12.2020 година), со почетокот во 11 часот преку ЗООМ платформата се реализираше промотивен онлајн настан со кој се означи отпочнувањето на Проектот Медијација без дилема, кој го реализира Институтот за европска политика ЕПИ во соработка со Академијата, Комората на медијатори на РСМ и Холандската федерација на медијатори.

Реализацијата на проектот е поддржана и финансирана од страна на Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.

Со воведно обраќање до присутните на почетокот се обрати д-р Симонида Кацарска, дикретор на Институтот за Европска политика, која даде краток осврт на се она што до сега е направено на полето на медијцијата, но и за очекувањата и активностите кои ќе следат како дел од Проектот.

Н.Е.Роберт Декер, заменик амбасадор на Кралството Холандија во РСМ??, во своите воведни зборови изрази уверување дека решавањето на споровите надвор од судовите со помош на медијатори ќе претставува значајна придобивка за граѓаните на РСМ. Тој исто така додаде дека реформите во правосудството во моментов се одвиваат и се на линија со стандардите на ЕУ и Совет на Европа што покажува дека РСМ навистина е на вистинскиот пат. Неговата екселенција се заблагодари на сите учесници и на сите вклучени во реализацијата на Проектот.

Во своето обраќање министерот за правда на РСМ, г. Бојан Маричиќ истакна дека реализацијата на овој проект доаѓа во вистински време, токму тогаш кога подготовката на новиот предлог закон за медијација е во завршна фаза. Според министерот за правда, придобивките од употребата на медијацијата како алтернативно решавање на споровите е огромна. Имено, не само што се заштедува време и пари, туку преку медијацијата двете страни се победници, односно, преку дијалог се доаѓа до решение кое во заемен интерес. Министерот за правда, г. Маричиќ истакна дека потребно е да се зајакне употребата на медијацијата и исто така, нагласи дека новиот закон за медијација нуди низа решенија со кои ќе се унапредат капацитетите на медијаторите во нашата земја. Г. Маричиќ, најави електронски регистар на поднесни барања за медијација и на предмети, како и стручно усовршување на човечките капацитети кои делуваат во оваа област.

Директорот на Академијата, проф.д-р Наташа Габер Дамјановска, изрази благодараност за вклученоста на Академијата во реализацијата на овој Проект. Во рамки на своето обраќање таа ја исткана одличната повеќегодишна соработка со Амбасадата на Кралството Холандија во РСМ и како партнер во овој Проект ја изрази подготвеноста на Академијата активно да партиципира во успешното остварување на сите зацртани активности со цел унапредување и афирмација на медијацијата како алтернативно решавање на споровите.

 

 

Почитуваниот професор Јан Ван Звиетен, (Jan Van Zwieten) ги сподели Холандските искуства, ја презентираше организационата структура на Холандската федерација на медијатори, а потоа и се осврна на специфичностите и критериумите кои се потребни да ги поседува секој медијатор.

Претседателот на Комората на медијатори на РСМ, м-р Славе Младеновски ја образложи моменталната состојба со медијацијата во РСМ, проблемите и дилемите со кои се соочуваат медијаторите во нашата држава, недостигот од стручно усовршување, стручна служба како и за придобивките кои ќе бидат во корист на медијаторите со донесувањето на новиот закон за медијација.

По воведните обраќања се одвиваше стручна дебата во однос на медијацијата во РСМ, законските можности и ограничувања, стручната служба, лиценците, стручната едукација како и за етиката на медијаторите.

Генералниот заклучок е медијацијата навистина се движи во нагорна линија но сепак, потребна е нејзина поголема промоција со што ќе се подигне свеста на граѓаните за нејзиното постоење се со цел тие при изборот на суд или медијација изборот превенствено да им биде на медијација.

Од страна на присутните беа дадени и одредени сугестии во насока на доуредување на некои делови кои се однесуваат на медијацијата се со цел да се зголеми нејзиниата употребата во нашата држава.