,,Правила на докажување, со посебен осврт на методите и техниките на докажување во адверзијалната постапка’’ (Demo)

Денес (10 декември 2019) започна реализацијата на дводневната работилница која ја организира Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, во соработка и со финансиска поддршка на Инструментот за техничка помош и размена на информации (ТАIEX) на Европската Комисија, на тема ,,Правила на докажување, со посебен осврт на методите и техниките на докажување во адверзијалната постапка’’ , која се одржува во хотел „Мериот“ Скопје.

Работилницата со воведно обраќање до присутните ја отвори директорот на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, која во рамки на своето обраќање ја истакна важноста на методите и техниките кои се воведени со промените кои настапија со Законот за кривична постапка, кој беше донесен 2010 година, а чија примена беше одложена поради потребата од соодветна подготовка на судиите и јавните обвинители за воведните нови правни институти.

Европските искуства во поглед на темата со присутните ги сподели д-р Марин Мрчела, судија во Врховниот суд на Република Хрватска и претседател на Групата држави против корупција (ГРЕКО) на Советот на Европа.

Во рамките на денешното обраќање д-р Мрчела, даде кратка интерпретација на законот, компаративен преглед со посебен акцент на автономната интерпретација од страна на Европскиот суд за човекови права.

Повеќе детали за презумцијата на невиност и товорт на докажување низ кратки компративни прикази (Амеркански правен систем наспрема Континенатлниот систем, поточно, правните системи во регионот) д-р Марин Мрчела ќе ги изложи во текот на утрешнииот ден.