Онлајн советување на тема: „Унапредување на судските порамнувања во граѓанската постапка“ (Demo)

                Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Германската фондација за меѓународна правна соработка (IRZ) организира онлајн советување на тема  „Унапредување на судските порамнувања во граѓанската постапка “  кое  ќе се одржи на 9 декември 2020 година (среда) на платформата ЗООМ, со почеток во 10:30 часот

                Советувањето е наменето за судии кои работат на граѓанска материја од сите апелациони подрачја.

                Целта на ова советување е пренесување на основни знаења, пред сè на „soft skillsˮ, за носители на правни професии во демократски општества.

                Со поздравно обраќање настанот ќе го отворат д-р Штефан Пирнер, адвокат, Раководител на проектна област на IRZ за Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија и проф. д-р Наташа Габер-Дамјановска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

                Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Катерина Георгиевска, судија на Апелационен суд Скопје и д-р Инго Вернер,судија на Вишиот покраински суд во Келн.

                Програмата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Линк преку кој може да пристапите на ЗООМ платформата:

https://us02web.zoom.us/j/85037022493?pwd=a0x5bWxFdGVBeGdZcnRCU1ZHa0JPUT09

Meeting ID: 850 3702 2493

Passcode: 1233

Важна напомена: Учесниците треба да го следат настанот преку инсталирана апликација ZOOM, а не преку прелистувач, за да можат да го слушаат симултаниот превод. ZOOM апликацијата мора да биде со последен update (верзија понова од 4.5.0)