Онлајн советување на тема: „Техники на пишување пресуди и обвиненија“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2022 година организира онлајн советување на тема: „Техники на пишување пресуди и обвиненија“, кое ќе се одржи на 28 март 2022 година (понеделник), преку ЗООМ платформата, со почеток од 11:00 часот.

Советувањето е наменето за судии од кривични оддели, јавни обвинители и стручни соработници од сите апелациони подрачја.

 Предавачи на советувањето  ќе бидат,  г-а Габриела Гајдова, судија во Основен суд Велес и г-а Катерина Коларевиќ, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје.

За дополнителни информации ве молиме да го контактирате лицето од Академија задолжено за организација на советувањето на следната е-маил адресата: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на телефонски број 022401-572.

 

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете на следниот линк:

Агенда-28 март 2022 година-преземи

 

Работните материјали кои ќе се користат на советувањето можете да ги преземете на следниот линк:

  • Работен материјал-Габриела Гајдова-преземи
  • Работен материјал-Катерина Коларевиќ- преземи