ОНЛАЈН СОВЕТУВАЊЕ на тема „Права на деца жртви на насилство или кривични дела, мерки на процесна заштита на децата жртви на кривични дела и постапка на интервјуирање на деца“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2022 година организира онлајн советување на тема „Права на деца жртви на насилство или кривични дела, мерки на процесна заштита на децата жртви на кривични дела и постапка на интервјуирање на деца“, кое ќе се одржи на 10 мај  (вторник) 2022 година, преку ЗООМ платформата.

Советувањето е наменето за судии од кривични оддели и јавни обвинители, од сите апелациони подрачја.

 

Предавачи на советувањето  ќе бидат, г-а Наташа Гоџоска, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје и г. Тони Јовановски, судија на Основен суд Битола.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето задолжено за ораганизација од Академијата на следната: е-маил адреса Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-578.

 Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

 Материјалите за советувањето, можете да ги превземете тука: