ОНЛАЈН СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Навреда и клевета наспроти слободата на изразување“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2021 година организира онлајн советување на тема: „Навреда и клевета наспроти слободата на изразување“, кое ќе се одржи на 14 април 2021 година (среда) на веб платформата на Академијата-насловена како ЛМС/Е-учење, со почеток од 11:00 часот. Советувањето е наменето за судии од граѓански оддели од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Кети Германова, судија во Основен граѓански суд Скопје и г-н Александар Шопов, судија во Основен суд Велес.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работните материјали согласно кои ќе се одвива советувањето можете да ги преземете тука.

Презентација1

За повеќе информации поврзани со советувањето Ве молиме обратете се на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на телефонскиот број 02/2401-572.