Онлајн советување на тема: „Кривични дела против културното наследство“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2022 година организира онлајн советување на тема: „Кривични дела против културното наследство“, кое е предвидено да се одржи на 19 април 2022 година (вторник), на ЗООМ платформата, со почеток од 11:00 часот.

 Советувањето е наменето за судии од кривични оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја.

 Предавачи на советувањето  ќе бидат, г-а Маја Конеска, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, м-р Перо Арџанлиев и м-р Трајан Зафировски, археолози во Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија и г-н Дејан Николовски, oдделeниe за сузбивање на организиран и сериозен криминал во Министерство за внатрешни работи на Република Северна Македонија.

За повеќе информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата, на следната е-маил адресата: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk.

 Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете на следниот линк:

Агенда-19 април 2022 година-преземи