Онлајн советување на тема: „Критериуми за оценка на јавнообвинителските службеници“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2022 година организира онлјан советување на тема: „Критериуми за оценка на јавнообвинителските службеници“, кое ќе се одржи на 03 јуни 2022 година (петок), на ЗООМ платформата, со почеток од 11:00 часот.

Советувањето е наменето за јавните обвинители на Јавните обвинителства и членови на Совет на јавни обвинители на Република Северна Македонија.

Излагач на советувањето ќе биде г-н Ристо Бојаџиски, јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Штип.

 За повеќе информации во врска со советувањето Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организацијата на тел 02/401-572 или на е-маил: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk,

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.