ОНЛАЈН СОВЕТУВАЊЕ на тема „Исклучоци од непосредно изведување на докази на главна расправа, со посебен осврт на праксата на ЕСЧП за доказната вредност на „неконфронтирани искази“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2022 година организира online советување на тема: „Исклучоци од непосредно изведување на докази на главна расправа, со посебен осврт на праксата на ЕСЧП за доказната вредност на „неконфронтирани искази“, кое ќе се одржи на 15 април 2022 година (петок), на ЗООМ платформата, со почеток од 11:00 часот.

Советувањето е наменето за судии од кривични оддели, јавни обвинители  и стручни соработници од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето  ќе бидат, г-н Ѓорѓи Андонов, Претседател на Основен суд Штип и  м-р Марија Клетничка Марковска, судија во Основен кривичен суд Скопје.

За повеќе информации ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на советувањето на следната е-маил адресата: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk.

                Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете на следниот линк:

Агенда-15 април 2022 година-преземи