Онлајн обука на Европската мрежа за правосудна обука (ЕЈТН) на тема: Научени лекции од светот за менаџирање со судовите за време на пандемија (COVID 19) (Demo)

Како одговор на голбалниот предизвик наметнат со пандемијата предизвикана од COVID 19, Европската мрежа за правосудна обука ЕЈТН организира во оваа прилика специјализирана обука на тема: „Научени лекции од светот за менаџирање со судовите во време на пандемија“.

Станува збор за посебна обука која што ЕЈТН ќе ја презентира во соработка со Националниот судски колеџ од САД, а која треба да ги собере на едно место сите судии од двата континента за да учат заедно и едни од други.

Обуката ќе се одржи онлајн во четврток 23 април 2020 година во 16:00 часот- Западна Европа(Лисабон)/ 17:00часот –Централна Европа(Брисел)/ 18:00 часот Јужна Европа.

Обуката е отворена за сите судии во ЕУ и САД. Нема ограничувања за учество ниту пак посебни процедури за пријавување.

За да се регистрирате:

  1. Кликнете на линкот подолу (или копирајте го линкот во вашиот интернет пребарувач како што се: Chrome, Firefox, Explorer, Edge, Safari, etc.): https://judges.webex.com/judges/onstage/g.php?MTID=e43e41ddb2905d919b7faaa17aeffc2b8
  2. Кликнете на R ( Ќе најдете линк за регистрација веднаш до EVENT STATUS на левата страна од Вашиот прозорец).
  3. Внесете ги сите потребни контакт информации (на пример Име, Презиме/ Е маил адреса/ Потврдете Е маил адреса/ Земја).
  4. Кликнете на S Ова копче ќе го најдете на десната страна од Вашиот екран.

Академијата за судии и јавни обвинители Ве охрабрува и поттикнува да одвоите време и да ја следите оваа обука од која веруваме дека ќе можете да научите повеќе ефективни начини за менаџирање на судовите во време на кризата со COVID  19.

 

Ве известуваме дека на сите кои успешно ќе се регистрираат и ја следат обуката ќе им се смета поминат ден задолжителна континуирана обука за 2020 година.