Обука за истражување и гонење предмети од компјутерски криминал 2-3 јуни 2022 година (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на 2 и 3 јуни 2022 година, во хотел „Арка“ организираат обука за истражување и гонење предмети од компјутерски криминал, која е наменета за судии и јавни обвинители од сите апелациони подрачја.

Со поздравно обраќање почетокот на обуката ќе го најават: директорката на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска и претставник на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Обуката ќе биде спроведена од страна на обучувачите: јавен обвинител, Искра Хаџи Василева; истражител, Марјан Стоилковски и консултант,Мик Џејмисон.

За повеќе информации поврзани со обуката Ве молиме да го контактирате лице од Академија задолжено за организација на следната е-маил адреса: Sonja.Mojsovska@jpacademy.gov.mk.

Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.