ОБУКА на тема: ,,Вештини за водење на постапка’’ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев во соработка со Програмата ОПДАТ при Амбасадата на САД во Скопје организира обука на тема: ,,Вештини за водење на постапка’’.

Обуката ќе се реализира на 17 и 18 мај 2022 година во хотел Белви во Охрид. Обуката ќе биде спроведена од страна на странски експерти за што ќе биде обезбеден превод на македонски и англиски јазик. Истата е наменета за судии и јавни обвинители од сите апелациони подрачја.

За повеќе информации поврзани со обуката ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната e-mail: Sonja.Mojsovska@jpacademy.gov.mk или на тел.02/2401-568.

Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.