Oбука на тема: „Јасност во комуникацијата меѓу претставниците на правосудството и медиумите“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Центарот за обука и правосудни студии и Хелсиншкиот комитет за човекови права од Холандија организираaт обука на тема: „Јасност во комуникацијата меѓу претставниците на правосудството и медиумите“ која ќе се одржи со физичко присуство на 24 и 25 Април 2023 година (понеделник и вторник) во хотел Солун во Скопје.

Обуката ќе ја спроведат меѓународни и национални обучувачи. Свои излагања на темата ќе имаат: Anne Tahapary, виш раководител за обуки за меѓународни активности, Liesbeth Feuth, судија во судот во Лимбург, Roeland Kooijman, обучувач за медиуми и презентации и национален обучувач.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организацијата на следната е-адреса:  Sonja.Mojsovska@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-568.

Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.