КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ОНЛАЈН СУДЕЊА ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА СО КОВИД 19: „ЛЕГИСЛАТИВА, ИТ ПРЕЧЕКИ И ПРЕДИЗВИЦИ“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители, Амбасадата на САД во Република Северна Македонија, Здружението за кривично право и криминалистика(ЗКПКМ) и  CEELI Институтот во Прага органираат онлајн конференција посветена на онлајн судењата во време на пандемија со Ковид 19: „Легислатива, ИТ пречки и предизвици“.

Конференцијата ќе се одржи на 11 декември 2020 преку онлајн платформа.

Настанот ќе го модерира проф. д-р Гордана Лажетиќ, претседател на ЗКПКМ.

Со поздравно обраќање до присутните на настанот ќе се обратат: министерот за правда на РСМ, г. Бојан Маричиќ, претставник од Амбасадата на САД и г. Christopher Lehmann, извршен директор на  CEELI Институтот во Прага.

На конференцијата проф.д-р Лазар Нанев ќе ги сподели искуствата за водење на онлајн судења кои веќе успешно ги организираше Основен суд Кавадарцил. За судењата на далечина (remote) во Полска ќе говори Freda Grealу, CEELI Институт во Прага. Во рамки на конференцијата ќе бидат разменети и искуствата од водење на онлајн судења во неколку земји од светот како што се САД, Полска, Литванија, Романија, Хрватска, Србија и БиХ.

Вашето учество можете да го пријавите на следните мејлови: Sanja.Pandilov@jpacademy.gov.mk и Sonja.Mojsovska@jpacademy.gov.mk.

Откако ќе се пријавите, дополнително ќе Ви биде дадени насоки за понатамошни чекори за регистрација на конференцијата.

Агендата согласно која ќе се одвива конференцијата можете да ја преземете на следните линкови:

 

Агенда на мкд јазик

Агенда на анг јазик