Иницијален состанок на Националната работна група за имплементација на Програмата PACHT (Demo)

Денес (четврток 19.12.2019 година) во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, со почеток во 14 часот се одржа иницијален  состанок на Националната работна група за спроведување на Програмата PACHT (Prosectutors and Hete Crimes Training), која е наменета за јавните обвинители и истата е дизајнирана на начин со кој ќе се подобри постапувањето на обвинителите кон криминалот од омраза.

Имено, состанокот е дел од активностите кои се предвидени со потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Националната работна група е составена од претставници од: Академијата за судии и јавни обвинители, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, Министерството за правда на Република Северна Македонија, Канцеларијата на Народниот правобранител на Република Северна Македонија, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и  Хелсиншки комитет.

Националниот офицер, г-ѓа Спасенка Андоновска, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство  го даде воведот во состанокот преку презентација на материјалот кој во голем дел е унифициран и истиот се користи во земјите членки на Европската унија, но секако, прилагоден на потребите на земјата во која се спроведува PACHT Програмата. Овој материјал е конецпиран на начин што ќе овозможи успешна подготовка на идните обучувачи за криминалот од омраза. Во материјалот е содржана праксата на Евроспскиот суд за човекови права во однос на предмети за криминал од омраза, но исто така и обврските кои произлегуваат од меѓународните документи, а кои треба да ги имплементира нашата држава, притоа имајќи ја в предвид националната легислатива.

Целта на оваа Програма како што појасни националниот офицер, г-а Андоновска е во насока на доближување на криминалот од омраза до јавните обвинителни, поточно, да се покрене свеста на јавните обвинители за овој вид на криминал, да се направат напори тие да станат праоктивни во смисла да ги препознаваат и процесураат што е можно повеќе делата за криминал од омраза.

Согласно активносите содржани во Меморандумот за соработка, веќе е одржана една обука за обучувачи во мај 2019 година со која беа опфатени 11 јавни обвинител, додека во декември 2019 од страна на дел од овие обвинители кои ја поминаа обуката беше спроведена и првата обука наменета за јавните обвинители на нашата држава, на која учествуваа 15 јавните обвинители.